Пред само половина час, авторот на песната “Роман” Александар Митевски на својот фејсбук профил го напиша следново:
“И би официјалната промоција на новата балада “Роман” која ја пишував за мојот пријател Миле Кузмановски. На овој симболичен датум, денот на жената и мајката. Присутните новинари ја слушаа со срцето неговата прикаска која се обидов да је прераскажам со свои зборови, а и солзите не изостанаа. Неговите верни фанови направија видео со фотографии инспирирани од мелодијата и зборовите. Благодарност до целата екипа на музичари и соработници кои помогнаа да ја оживееме прикаската (Бобан Василески, Лазе Цветковски, Зоран Џорлев…). Уживајте…”
И како што самиот автор веќе напиша, а и ние тука се сложуваме… уживајте во новата преубава балада на Миле Кузмановски!
Подготви: Редакција Музика24
