Веќе е познато дека секоја година Галерија Лафајет во Париз ги изненадува своите клиенти и сите оние кои имаат привилегија да ја посетат со магичните и преубави новогодишни декорации, особено со огромните новогодишни елки кои секогаш се уникатни и магични.
Минатогодишната елка беше целосна направена од балони во облик на колачи во сите бои, а и оваа година не е ништо помалку спектакуларно. Новогодишната елка во Галеријата Лафајет за 2018та е декорирана со украси на кои преовладува зелена и сина боја, а на секои 30 минути има магично светлечко шоу. Со спектакуларната новогодишна елка и украсените излози, овде не може, а да не се почувствува празничната магија.
Во видеата подолу може да погледнете како изгледа поставувањето на огромната елка, а и да го видите крајниот резултат од магичната бајка:
https://www.instagram.com/p/BqFqH4uB_21/
