Магазин

Хотел во Финска инспириран од Артикот (Фото + Видео)

Хотелот “Kakslauttanen Arctic Resort – Igloos and Chalet” е сместен во северот на Финска. Ова уникатно одмаралиште се наоѓа на 250 километри од Артичкиот круг, но сепак, не е толку тешко да се стигне до него. Најблискиот аеродром се наоѓа на само триесет минути од хотелот. Препознатливи се по нивните уникатни стаклени игла кои се реплики од оние во кои живеат ескимите.

Ова претставува едно од најдобрите места каде можат да се набљудуваат северните светла, бидејќи зимската сезона осум месеци, односно, од крајот на август па се до крајот на април. За подобро да ги погледнете убавините на овој хотел и место, погледнете го видеото подолу.

Можеби ќе ве интересира: