Во квартот Ла бока во Буенос Ајрес треба да одите одите до шарениот плоштад Ла Бомбоњера и да прошетате на најубавата улица, Ел Каминито. Тука ќе видите голем број улични продавачи кои продаваат најневеројатни работи, домашни уметници кои цртаат, пеат и играат на сред улица. Токму оваа улица ги украде срцата на туристите, па поради тоа современите мурала се сметаат за уметничко дело.
Некогаш овој дел од градот претставувал најсиромашниот кварт во кој живееле работници кои работеле на бродоградилишта. За да имаат што поубав поглед на својот крај за време на работниот ден ги бојадисале своите куќи. Бидејќи немале пари за фарбите кои ги сакаат, боеле во каква било боја, која ќе ја најдат за поевтини пари. Сепак, резултатот е совршен, а многумина се шегуваат дека всушност вака изгледа рајот.
