На локалитетот на кој што се наоѓала резиденцијата на еден самурај од 15ти век, во близина на Токио е пронајден закопан керамички сад со големи димензии. Во него се наоѓале 260.000 илјади парчиња метални парички исковани во Кина.

“Толкавото количество на метални парички значително ја надминува вкупната сума на пари која била во оптек во тој регион”, изјави археологот Јошиуки Такисе, пренесува американскиот магазин “Archeology”. Пронајдените кованици воедно ја претставуваат и една од најголемите ризници од тој период.
