Премиера

Каролина Гочева го промовираше видеото за песната “Бели цветови” (Видео)

Неодамна македонската поп пејачка Каролина Гочева го промовираше видео спотот за песната “Бели цветови”, која всушност е и дел од студискиот албум “Извор”. Како што не информираат нашите соработници од Авалон продукција, спотот се снимал на повеќе локации во Скопје, во режија на Чедо Поповски.

“Драги мои, со задоволство ви го претставувам видеозаписот за највеселата песна од албумот, “Бели цветови”. Се надевам дека нашава убава приказна дополнително ќе ви ги разубави овие последни сончеви денови. Уживајте!”, изјави Каролина за новиот видео спот.

Можеби ќе ве интересира: