Во прв ред

1000 причини да се запамети концертот на “Нокаут” (Фото)

После 20 години, вчеравечер македонската публика имаше ретка и единствена привилегија да се потсети на првиот концерт на “Нокаут”, каде што всушност тие го одржаа првиот концерт таму и го прославуваа својот голем јубилеј.

Облечени во боксерски наметки, откако шоуменот Игор Џамбазов искрено и од срце ги најави, тие се појавија на сцената како да излегуваат на веќе закажан боксерски ринг. Всушност тоа беше реванш меѓу публиката и познатата препознатлива и веќе докажана група “Нокаут”.

За време на концертот додека убава и згодна хостеса секоја рунда ја најавуваше посебно, Џамазов се пошегува со фронтменот на групата велејќи:

“Да знаете, воопшто не е точно дека Пере личи на познатиот актер Џони Деп”, на што публиката изреагира со аплауз.

Инаку, почетокот на концертот дечките што нокултираат го започнаа со препознатливите и добро познати хитови: “1000 причини за крај”, “Временска машина”, “Будење”, “Дождот”… всушност тие за самиот почеток ја потсетија публиката со најпознатите хитови во еден микс. И рака на срце, ние како екипа од музичкиот портал Музика24, одамна не сме биле на македонски концерт каде имало позитивна енергија, сите присутни играа, пееја, едноставно уживаа во концертот и сите песни кои “Нокаут” ги исполни на сцената.

За време на концертот Пере се потсети и тоа го сподели со публиката, на првиот концерт кои тие го одржале на ова место тој ја добил својата ќерка, на која патем и го четиташе роденденот, а таа пак со години наназад е придружен вокал на “Нокаут”.

Од оној прв и оргинален бенд кој стартуваше пред 20 години, денес остана само Пере, додека остатаните, Ацо Конга, Кире и Франц засекогаш ќе се паметат како дел од оваа позната македонска поп-рок група.

Концерот се снимаше, со што дополнително ќе се емитува на една од националните тв станици. А за се да биде и помине онака глатко и убаво, и овој пат се погрижија организаторите, Авалон продукција.

Подготви: Маја Спирковска

Можеби ќе ве интересира: