Градоначалникот Бил де Бјасио го сврте прекинувачот за да ги запали сијаличките на елката во Рокфелер центарот, додека се прикажуваа снимени настапи на Дајана Рос и Тони Бенет.
Дрвото високо 72 метри е декорирано со сијалици во должина од 8 километри и ѕвезда со кристали тешка 408 килограми. Рокфелер ја организира традиционалната церемонија од 1931 година.
Смреката стара 75 години е донација од двојка од Волкил, околу 100 километри северно од Њујорк. Ќе остане до 7 јануари, а потоа ќе биде донирана на “Хабитат фор хјуманиту” за да изградат куќи.
