Божиќ не може да помине без семејниот домашен филм “Сам дома”. Сепак, постојат некои невообичаени и многу изненадувачки факти во врска со неговото снимање. Во првото продолжение е легендарната сцена на натрапникот Марв и тарантулата на неговото лице. Иако првично било замислено во сцената да се употреби лажна тарантула, сценаристите во последен момент одлучиле за потребите на снимањето да употребат вистинска.
Исто така, второто продолжение на филмот “Сам дома” беше снимено во хотел “Плаза”, еден од најпрестижните хотели во Њујорк. Сепак, американскиот претседател, Доналд Трамп, кој во тоа време бил сопственик на хотелот, дозволил снимање само ако и тој самиот се појави во филмот. Тоа и се случило, тој може да се види во сцената кога му дава упатства на Кевин до рецепцијата на хотелот.
