Сите со нетрпение ги очекуваме новогодишните и божиќни празници кога колку-толку барем малку ќе се одмориме. Но, најубав одмор е оној во наша режија знаејќи дека и за време на зимскиот период кога и можеме да го искористиме зимскиот одмор, низ светот има дестинации каде може да уживаме на плажа и кои во овој период нудат и дополнителни услуги како организирање на специјални настани.
Сакете да погледнете кои се тие места? Во продолжение уживајте во дел од нив и планирајте:
Тахити
Тахити е феноменална дестинација во Француска Полинезија составена од 118 острови и е прогласена за една од најдобрите места кои би требало да ги посетите во 2019-та година.
Аруба
На ова карипско острово времето е совршено скоро во текот на целата година, а во зимските месеци тука се одвива Аруба карневалот кој вклучува паради и неверојатна забава.
Ривиера Маја, Мексико
Во јануари и февруари летовите кон оваа локација се околу 30% поевтини отколку во останатиот дел од годината, што ја прави одлична за посета во зимските месеци. Покрај тоа, тој период тука има уникатни прослави на разни празници како и некои природни феномени кои ги нема во летните месеци.
Фиџи
И кон Фиџи авионските летови се поевтини во зимските месеци, а температурата изнесува околу 26°C во тек на целата година.
Мозамбик
Благодарение на подобрената инфраструктура и новиот висечки мост (Мапуто-Катембе), пристапот на јужниот дел од Мозамбик е многу побрз – патот од Јоханесбург, Јужна Африка, до Мапуто, главниот град на Мозамбик порано траел 6 часа, а сега помалку од 2 часа. Крајбрежјето на Мапуто вклучува национален парк кој е дом на желки, ајкули, делфини и над 300 врсти на птици.
Ротнест, Австралија
На само 18 километри од Перт се наоѓа островот Ротнест, опкружен од водите на Индискиот океан. На овој остров нема возење автомобили туку само велосипеди, и е заштитен природен резерват.
Молокаи, Хаваи
Петтиот по големина хавајски остров нуди набљудување на китови и големи бранови за сурфање во зимскиот период. Бидејќи повеќето туристи ги посетуваат островите како Оаху или Мауи, Молокаи нуди помирно искуство без премногу гужви.
