Магазин

Дали сте знаеле: Црно белиот филм кој што се појавува во “Сам дома” не постои (Видео)

За многумина од нас, култниот новогодишен игран филм “Сам дома” е исто толку важен дел од божиќната атмосфера како и елката. Филмската серија со Меколи Калкин е безвременско ремек-дело, а зборовите: “Среќен Божик, валкано животно”, се уште се користат денес како поздрав на празниците.

Оваа година, сепак дознавме дека стариот филм “Ангели со валкани души”, кој Кевин го гледа додека се дома, од каде што доаѓа и фразата, навистина не постои. Интересно, нели? Актерот Сет Роган беше првиот кој ја објави информацијата на Твитер и објави дека црно-белиот
филм постои само во “Сам дома”.

Постирањето на Роган предизвика вистински бес, но барем сфативме дека не бевме сами во нашата заблуда. Крис Еванс исто така беше шокиран од откровението.

Излегува дека сцената на непостоечкиот филм е снимена специјално за да се вклопи во сценариото на “Сам дома”. Се разбира, тоа не не тера да го сакаме филмот или обраќањето “валкано животно” помалку, но некако одзема од магијата на заплетот.

Можеби ќе ве интересира: