Патниците од летот на авион од авиокомпанијата “SkyWest Airlines” од Сан Франциско до Босиа, Ајдахо, биле сведоци на една повеќе опасна отколку интересна случка кога една жена се обидела да ја отвори вратата на авионот. Имено, жената која го предизвикала инцидентот почнала да вика: “Јас сум Господ и јас сум Бог”, и отрчала до вратата обидувајќи се да ја отвори.
За среќа, вратата на авионот не може да се отвори толку лесно, па пилотот ги замолил патниците да им помогнат на стујардесите и да спречат жената го направи тоа што го планира. Еден од патниците ја соборил жената на подот и и ги врзал рацете и нозете, така што немало потреба од принудно слетување. Штом авионот пристигнал во Ајдахо, жената била уапсена. Се уште не се познати причините зошто го направила тоа.
