Магазин

Библиотека сместена во 100 годишно стебло (Видео)

Што се случува кога библиотекар пред својот двор има стебло на дрво старо повеќе од 100 години? Па секако, го претвора во библиотека. Главен лик е библиотекарката Шарли Армитаж Хауард од американската сојузна држава Ајдахо чија креативност дошла до израз кога локалните власти донесле одлука за сечење на старото дрво пред нејзиниот тревник заради безбедносни причини.

Потпомогната од непрофитната организација “Little free library” (Мала бесплатна библиотека), семејството успeало да го издлаби стеблото и да го претвори во интересна улична библиотека. Изнајмувањето на книгите е бесплатно, а како изгледа може да видите подолу во приложеното видео.

https://www.facebook.com/TaylorViydoKREM/videos/295084731359177/

Можеби ќе ве интересира: