Постојат одредени работи кои можат да се дефинираат како луксуз, а над сите се наоѓа овој нож од платина со цена од 150.000 долари, која целата приакзна ја носи на сосема поинакво ниво.
Ножот лесно може да се нарече најскап во светот. Неговто име е “Платинум Мамба”, а тој доаѓа украсен со дијаманти со неверојатно тело од платина. Меѓу познавачите е познат и како нож кој е поотпорен од било која челична варијанта, а бил создаден откако Рб Бианшин, основачот на “Кабот Ганс” компанијата, го повикал Александар Колобат директорот на “Сандрин Највс”, со визија за креирање на нож кој никој не може да го купи.
Наречен по својот егозтичен и опасен вид змијата Мамба, овој нож е еден од најпривлечните и најскапи предмети кои скоро ги имаме сретнато. Тој има 320 дијаманти од 14,17 карати, а креиран е со употреба на висококвалитетен црн жад и карбид. Еден ултра луксузен “Платинум Мамба” за љубителите чини 150.000 долари, а може да се набави само на сајтот на компанијата “Сандрин највс”.
