Во прв ред

Каролина со два дополнителни концерти со Македонска филхармонија

Бидејќи двата концерта на Каролина и Македонската филхармонија на 15-ти и 16-ти февруари се одамна распродадени и многу нејзини фанови се останати без влезници, Авалон продукција одлучи да се одржат уште два завршни концерти на Каролина со оркестарот на Македонската филхармонија, на 20-ти и 21-ви февруари, на истото место.

Овие концерти претставуваат пресек во кариерата на Каролина и веруваме дека ќе биде вистинско задоволство да се види и слушне како тоа ќе изгледа заедно во комбинација со оркестарот на Македонската филхармонија.

“Ви препорачуваме да побрзате со купувањето на Вашите билети!”, велат од најдобрата македонска продукција, Авалон.

Ф.Е.

Можеби ќе ве интересира: