После повеќе од десет години на сцената, навистина дојде време за сигурно еден од најквалитетните вокали на Балканот во моментов, Влатко Лозаноски да има свој голем концерт во Скопје. Момчето кое има безброј хитови, три студиски албуми и награди на над 20 фестивали во Македонија и во регионот, ќе се претстави пред македонската публика на 23-ти март во ВИП Арената, со почеток од 20:30 часот.
Концертот ќе биде со спектакуларна продукција, на ниво на светските концерти, затоа што мислењето на Авалон Продукција е дека Влатко Лозаноски заслужува ваков третман. Влезниците се веќе пуштени во продажба од 13-ти февруари преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk, по следните цени и категории:
- Партер – 500 денари
- Фан Пит – 500 денари
- Трибини – 700 денари
- Silver Seats – 800 денари
- Golden Seats – 900 денари
- ВИП билети – 1.000 денари
“Сонце не ме грее”, “Ова лето ќе се памти”, “Јако јако”, “Мандарина”, “Километри”… и уште многу други песни што ја одбележаа кариерата на Лозано ќе прозвучат во живо во Скопје, а не се сомневаме дека ВИП арената за концертот на Лозано ќе биде полна до последно место.
