Како што не информираат организаторите на меѓународниот музички фестивал “Охрид фест – Охридски трубадури”, тие го распишаа конкурсот за нови композиции за овогодинешното издание на овој познат летен музички фестивал. Редоследот на фестивалските вечери ќе се одвива по следниот редослед:
- 5-ти септември 2019 – Поп вечер
- 6-ти септември 2019 – Фолк вечер и
- 7-ми септември 2019 – Интернационална вечер
За учество на конкурсот сите заинтересирани треба да ги исполнат следниве услови:
- Да се испрати демо-снимка и текст на композицијата на македонски јазик
- Наслов на композицијата
- Назнака, за која фестивалска вечер е неменета композицијата (Пример: Поп вечер, Фолк вечер, Интернационална вечер)
- Композициите со кои ќе се пријавуваат кандидатите да не бидат изведувани претходно и
- Податоци на авторите (име, презиме, авторска улога во тимот), електронска адреса и контакт телефон.
Како што велат организаторите на “Охрид фест – Охридски трубадури”, новитет оваа година на фестивалот ќе се одбира двајца дебитанти кои ќе добијат можност да настапат на фестивалската сцена. Демо снимките од нивните композиции е потребно да бидат испратени со пропратни инструменти, пијано и гитара. Авторите своите композиции да ги испратат на електронските адреси:
Конкурсот е отворен до 1-ви мај 2019 година. Meѓународниот музички фестивал “Охрид фест – Охридски трубадури”, и оваа година гледачите ќе имаат можност да го проследат со директен телевизиски пренос на повеќе телевизиски станици ширум Балканот.
