Магазин

Будимпешта домаќин на парадата за глупаво одење (Видео)

Стотици Унгарци маршираа низ центарот на Будимпешта на парада на глупаво одење, копирајќи ги несекојдневните потези од познатиот скеч на британската комичарска група Монти Пајтон по повод 1 април. Парадата беше организирана од Бенедек Патрок, кој кажа дека настанот им овозможува на луѓето да заборават на секојдневните проблеми.

Учесниците, вклучувајќи млади и стари, имаа едноминутно загревање пред да тргнат на марш од три круга близу метро станица, која опслужува неколку скапи хотели во центарот на Будимпешта.

Можеби ќе ве интересира: