Магазин

Изложен па исецкан на ситни парчиња – необичен колаж поставен во чест на стаклената пирамида пред Лувр

Необичен колаж во дворот на парискиот музеј Лувр кратко беше изложен пред посетителите, пред тие да го исечат на ситни парчиња. Францускиот уметник со светска кариера Жи-Ар и 400 волонтери работеа на колажот кој во петокот беше поставен во чест на јубилејот, 30 години од поставувањето на стаклената пирамида пред Лувр. Во саботата Жи-Ар, чие вистинско име е Жан Ран, на Твитер објави фотографија од делото од 17.000 квадратни метри, кое од еден агол правеше да изгледа како пирамидата да е дел од голем бел каменолом, и ја повика публиката да дојде да го види.

Тие што дојдоа во неделата, учествуваа во уметнички перформанс на јавен простор, кинејќи ги 2.000-те хартии на ситни парчиња.

“Ова е проект за присуство и отстуство, за реалност и сеќавања, за непостојаноста“, напиша уметникот после перформансот”. Некои вљубеници во уметноста не беа баш импресионирани, објавувајќи коментари на Твитер како: “големо разочарување за прославата на 30-годишнината на пирамидата пред Лувр” и “уметничкото дело на Жи-Ар беше помрачно од предвиденото”.

“Сликите, како и животот се кратки. Еднаш поставено, уметничкото дело продолжува да живее по својот терк. Ова е проект за присуство и отсуство, за реалност и сеќавања, за непостојаноста”, напиша Жи-Ар, еден од најпознатите светски улични артисти.

Можеби ќе ве интересира: