Магазин

Знаете ли кои се најлошите хороскопски знаци во кревет

Кога станува збор за сексот постојат премногу различни вкусови и стилови. Сексот е дел од животот, а според астрологијата постојат три знаци во хороскопот кои не можат да се пофалат во најдобро светло токму кога станува збор за оваа тема.

Еве за кои хороскопски знаци станува збор:

Близнаци

Припадниците на овој знак се љубопитни и интелигентни, но кога станува збор за сексот не се покажуваат баш најдобро. Мажите Близнаци сакаат да се фалат дека се спремни за акција, но кога ќе дојде до тој момент, се откажуваат или измислуваат изговори. Кај нив сексот трае околу две минути, а безграничната себичност на Близнаците се гледа во нивното однесување во креветот. Од друга страна, жените во овој хороскопски знак се добри во кревет, но имаат тенденција за вечна предигра.

Стрелец

Карактеристики на машките припадници на овој знак се авантуризмот и експериментирањето, а кај женските припаднички традиционализмот без многу експерименти. Лошите сексуални односи кај нив произлегуваат од големата желба за нешто ново, перверзно и возбудливо. Кога тоа не им е по волја, Стрелците гледаат односот да заврши што побрзо и да побегнат како мува без глава. Оние потипичните Стрелци си заминуваат и за време на самиот секс.

Риби

Рибите важат за емотивен, сензуален и сексуален знак, но истовремено се лоши и во сексот и во љубовта. Жените Риби гризат и провоцираат повеќе од агресивните припаднички на Скорпија или Овен, а во суштина се мазохисти. Потфрлувањето во сексот им е како и во многу други работи, победа. Тие се ќе уништат, бидејќи тоа е знак кој најмногу ужива, но и страда во сексот со емоции. Ова важи за двата пола.

Можеби ќе ве интересира: