Магазин

Интересна туристичка понуда: За 32 евра од ноќ на Крит се изнајмуваат кревети под отворено

Преку популарната платформа Аирбнб туристите може да изнајмат сместување на Крит под отворено небо, и тоа во кревет поставен во двор. Жена од градот Палеокастро изнајмува кревет поставен во дворот на нејзината куќа и ги повикува туристите на одмор под “ѕвездено небо”. Во огласот на гостите не им се нуди клима уред, телевизор или пожарен аларм, но затоа имаат заедничка кујна, бања и тоалет во дворот.

Доколку сакаат и “луксуз” како чистење на дворот ќе треба да доплатат и ќе ги чини 41 евро. Минатото лето веќе имало туристи во ова сместување, а коментарите се повеќето позитивни, освен што дел од гостите се жалат на блиската улица и постојаната бучава.

Можеби ќе ве интересира: