Магазин

Дали знаете дека само еден пијалок дневно може да предизвика ризик за срцев удар

Дури и лесното до умереното пиење алкохол го зголемува крвниот притисок и шансите за срцев удар, според обемната генетска студија објавена во “Лансет”, вбројувајќи ги претходните тврдења дека една или две пијачки дневно би можеле да се превентивни.

Истражувачите од Велика Британија и Кина следеле 500.000 Кинези во изминатите 10 години. Тие велат дека откритијата се релевантни за сите популации и се најдобар доказ досега за директните ефекти на алкохолот. Експертите предупредуваат луѓето да ги ограничат консумирањата алкохол.

Веќе е познато дека пиењето големи количини алкохол е штетно за здравјето и го зголемува ризикот за срцев удар, но некои студии советуваа дека помали количини алкохол може да е добро за здравјето, додека други предупредуваат дека нема безбедно ниво на консумација на алкохол. Истражувачите од Универзитетот во Оксфорд, Универзитетот во Пекинг и кинеската Академија за медицински науки открија:

  • Една до две чашки алкохол дневно го зголемува ризикот за срцев удар од 10-15 отсто,
  • Четири чашки дневно го зголемува ризикот за срцев удар од 35 проценти,

Како мерка за студијата, експертите користеле: мала чаша за вино и шише пиво.

Можеби ќе ве интересира: