Магазин

Се продава револверот со кој што се самоубил славниот сликар Ван Гог

Аукцискa куќа во Париз објави дека на 19.06.2019 година ќе биде изложен за продажба пиштолот со кој се убил познатиот холандски сликар Винсент ван Гог.

Иако се работи за стар револвер кој има калибар од девет милиметри. Револверот е пронајден околу 60-те години во поле близу селото Овер сур Уаз, каде што се претпоставува дека славниот уметник си извршил самоубиство.

Според финалните испитувања, се верува дека Ван Гог во 1890 година си пукал в гради, но некои истражувачи се сомневаат дека, всушност, сликарот бил убиен. Во тоа време пиштолот ни бил пронајден ни им било од интерест да го пронајдат. Пронајден е после 70 години од самоубиството, во 1960 години. Се претпоставува дека пиштолот ќе достигне цена во висина од 60.000 евра.

Револверот досега беше изложен во Музејот на Винсент ван Гог кој се ноаѓа во Амстердам, која е причината за негова продажба сеуште не е познато.

Можеби ќе ве интересира: