Во прв ред

Саша Ковачевиќ ќе настапи на “Negotino Off Festival”

На 9-ти јуни (недела) на градскиот плоштад во Неготино ќе се одржи голем музички хепенинг под наслов “Negotino Off Festival 2019” на кој учество ќе земат познати музички артисти од земјава и регионот. Настанот е во организација на агенцијатa “Ентфинити”, а ко-организатор и покровител на истата е Општина Неготино.

Овој настан ќе биде организиран по повод завршувањето на учебната година и се планира истиот во иднина да стане традиционален. Дел од богатата програма на “Negotino Off Festival 2019” ќе бидат најпознатите јутубери во земјава – Steffonator и GP, моментално најактуелното музичко дуо “2 Бона” заедно со Таско и специјалниот гостин на вечерта, големата балканска музичка ѕвезда – Саша Ковачевиќ.

Подржувачи на овој музички спектакл кој за првпат ќе се случува во нашиот град ќе бидат и голем број на спонзори, кои ќе бидат објавени дополнително – наведено е во општинското соопштение.

Можеби ќе ве интересира: