Наскоро на Македонската радио телевизија ќе стартува новото музичко реално шоу наречено “Сите наши песни”. Музичкиот портал Музика24 кој што пишува за сите музички случувања кај нас и низ светот, со гордост можеме да кажеме дека е медиумски партнер на МРТ за овој проект и дека редовно ќе ве известува за се она што е поврзано со ова ново музичко реално тв шоу. Аудициите за “Сите наши песни” ќе се реализираат во студијата на Македонската радио телевизија и тоа во следните термини кога и се очекуваат апликантите – кандидатите кои што се пријавиле.
Во сабота 16-ти март со почеток во 10 часот претпладне аудиција ќе имаат кандидатите од следниве градови: Битола, Прилеп, Крушево, Кичево, Струмица, Штип, Демир Капија, Гевгелија, Свети Николе, Охрид, Берово, Радовиш, Кавадарци, Неготино, Виница, Кочани, Делчево и Богданци. Додека во недела 17-ти март во 10 часот претпладне ги очекуваме кандидатите од следните градови: Велес, Гостивар, Крива Паланка, Тетово, Куманово, Скопје (вклучувајќи ги сите општини).
Од МРТ известуваат дека сите кандидати пожелно е да дојдат еден час порано на денот на аудицијата, како би добиле свој реден број по кој ќе бидат повикувани, а освен личната документација за потврда, со себе потребно е да имаат желба, инспирација, волја и љубов кон музиката бидејќи само вашиот вокал е важен. И да не заборавиме, сите вие кои што сте кандидати за ова шоу, подгответе една македонска забавна мелодија која ќе ја исполните акапела (без музичка придружба) и тоа е се она што ви е потребно да бидете чекор од нов почеток. Резултатите од аудициите МРТ ќе ги објави дополнително. Ви посакуваме многу успех и се гледаме на аудиција!
Подготви: Марија Поповска
