Нетфликс ќе снима ТВ серија заснована на бестселерот “Паранормално” на покојниот египетски писател Ахмед Калед Тофик. Арапската хорор-драма е сместена во Египет во 1960-те и ги следи натприродните авантури на д-р Рефаат Исмаил.
Книгата досега е продадена во тираж од 15 милиони копии. Серијата ќе ја продуцираат Египќаните Мохамед Хефзи и Амр Салама, кои во своето си-ви имаат и номинација за “Оскар”.
