На порталот Esctoday.com објавен е новиот правилник за начинот на гласање на стручното жири и на публиката во текот на Евросонгот во Малме. Сега ќе се оценуваат сите песни, наместо претходните правила кога бодовите од 1 до 12 се доделуваа само за десет најдобри песни според мислењето на публиката и на жирито. Со новите правила еднакви шанси добиваат повеќе земји.
На пример во финалето ќе се натпреваруваат 26 земји, секој член на жирито на секоја песна ќе и додели оценка од 1-26, односно еден поен на песна која што најмалку ја вреднува и се така до 26 поени на песната која што најмногу ќе им се допадне. Земајќи го во предвид и гласањето на публиката со овој систем на гласање ќе се постигне и оние песни кои што во просек добиваат најмногу поени, ќе бидат повисоко рангирани од оние кои ќе добијат максимални поени само од публиката. Овој прилично конфузен начин на гласање ќе се примени и во двете полуфинални вечери и во финалето на Евросонгот, кој што од 14-ти до 18-ти мај ќе се одржи во Шведска.
Подготви: Редакција Музика24
