Фестивали

Вечерва на “Скопско лето” концерт на “Брастет Скопје”

Во рамки на “Скопско лето” вечерва со почеток од 21 часот на плоштадот “Сквер Јадран” концерт ќе има новиот дувачки квинтет “Брастет Скопје”, формиран годинава од музичари со повеќегодишно искуство.

Членови на дувачкиот квинтет се: Александар Златески и Диме Танчев (труба), Горан Илијевски (тенор туба), Енис Мехмедов (тромбон) и Мицко Дамњановски (туба), а во составот е и Теодор Теодосиевски кој настапува на тапани. Од “Скопско лето” соопштија дека “Брастет Скопје” претежно свират музика приспособена (аранжирана) за брас-квинтет со додадени ударни инструменти.

“Брастет Скопје” е нов, но одличен брас-состав од музичари кои со нивното повеќегодишно искуство од речиси сите сфери на музиката ќе се обидат да донесат добар звук, свежа програма и одлични настапи. Нивната тенденција е да се избегне стереотипна програма за ваков состав и да се доближи до публиката популарната музика, вклучувајќи и филмска музика и популарна класика”, наведуваат од “Скопско лето”.

Можеби ќе ве интересира: