Фестивали

И другата година Косово нема да учествува на “Песна на Евровизија”

Косово како независна држава сепак нема да може да учествува на нарeдната “Песна на Евровизија”. Европска радиодифузна унија (ЕБУ), не го примила Косово во своето членство. Тоа значи дека Косоварите не можат да учествуваат на Евросонг во 2020-та година, иако тоа многу го сакале. Српските пејачи слават, а Косовските тагуваат.

Гласањето на генералниот одбор на ЕБУ, одржано во Осло, завршено е денес и одлучено е Косово да не се натпреварува на овој фестивал.
Главната причина зошто Косово не може да стане држава членка на ЕБУ е фактот дека Косово не е членка на Меѓународната унија за телекомуникации.

Со 673 гласови против и 400 гласа за, Косово останува без настап на Евросонг во 2020-та година. Самиот процес за прием на Косово според Миливој Михајловиќ помошник директор во РТС, траел една година, а бил инициран од Македонија, Црна Гора, Словенија, Хрватска и Унгарија.

Можеби ќе ве интересира: