За прв пат во Охрид во организација на Sun production на 26-ти јули на плажата Градиште2 ќе се оддржи “Amanet Festival”, чија чест прв да го отвори му припадна на познатиот DJ Matthew Dekay.
“Вечер со човекот кај кого забавата е загарантирана. Ви го претставуваме гостувањето на Matthew Dekay во петок, 26-ти јули на плажата Градиште2 – Summer Beach Club. Влезници во претпродажба по супер промотивна почетна цена од 500 денари во “Југотон” и сите продажни места на www.kupikartizase.com”, додаваат организаторите. Како хедлајнер на првото издание на “Amanet Festival” ќе го слушаме сетот на “ѕвездата” на летото, фантастичниот Nic Fanciulli.
Овој настан е дел од сите оние настани и летни активности под слоганот “Сите во Охрид” се со цел за поуспешна и подолга туристичка сезона во нашиот Охрид.
