Популарното дуо “Next Time” на социјалните мрежи најави нови песни од типот на “Ја излези Ѓурѓо”, “Слушам кај шумат шумите” и “Нешто ќе те питам бабо”. Трите преработки имаат милионски прегледи и се многу познати во земјава.
“Работоме напорно на нов материјал од ваков тип на песни, веќе е една од повеќето песни е готова и веруваме дека светлото на денот ќе го види истата песна набрзо. Мотивирани сме како артисти да оставиме еден цел албум со вакви обработки позади нас. Песните горе доле се одбрани и веруваме дека тоа што ќе ви го поклониме ќе остави голем белек во македонската музика и култура”, велат од “Next Time”.
На прашањето за нови преработки во неодамнешното ексклузивно интервју за музичкиот портал Музика24, Стефан Филиповски кажа:
“Се предлагаат многу стари македонски песни. Не значи дека ако последната “Нешто ќе те питам бабо” беше револуционерска, дека ние ќе предоложиме во тој правец. Планираме уште преработки и завршување на албум”, кажа тој во интервјуто за нашиот музички портал, а доколку сакате целосното интервју можете да го прочитете во продолжение.
