Тони Зен, во средата со почеток во 20 часот во киното “Синеплекс” ја промовира новата песна која беше зачинета и со видео запис. Новата песна на Тони носи наслов “Под контрола”, а како што дознаваме во песната се зборува за глобалниот систем, неговото влијание врз луѓето, недостигот од информации и манипулацијата. Оваа е една од песните кои ќе се најдат на најновиот албум на Тони кој ќе носи наслов “МикроСкопски организам” и ќе треба да излезе во текот на оваа година.
Текстот е на Тони Зен, а музиката ја има направено Нино Васков. За спотот задолжена била продуцијата “БМА Брадрс”, поточно содржината е визуализирана од Тони, а во режија е на Берт Арслани и Антонио Павловски. А во продолжение погледнете го спотот.
Подготви: Маринела Каранфилоска
