Во прв ред

Скопје ќе одбележи годишница од земјотресот со Влатко Стефановски и Биља Крстиќ

По повод 56 години од земјотресот во Скопје на 26 јули во Градскиот парк ќе се одржи концерт. Ќе настапат Влатко Стефановски, Танос Ставридис, Биља Крстиќ и Биг Бенд.

“26 јули е денот кога се потсетуваме на еден тажен момент од животот на Скопје. Но, тоа е и ден кога треба да го славиме животот, да ја славиме хуманоста и подадената човечка рака. Никако не треба да ја заборавиме светската мобилизација за помош на Скопје и негоите жители. Исто така, овој ден е значаен бидејќи треба секогаш да се потсетуваме дека нема играње со приридата и дека ова може да му се случи секому.
И по 56 години важно е да се чествува овој ден и сите да се потсетиме на тоа што се случило. Важно е да ги потсетуваме и младите генерации на она што светот го направил за нас, зашто сама така ќе ги научиме што значи хуманост и подадена рака во тешки моменти.
Овој ден не го нарекуваме прослава, ниту пак чествување. 26 јули е ден на хуманоста, ден на добрите дела и ден за сеќавање на сите што не се повеќе со нас”, велат од Град Скопје.

Можеби ќе ве интересира: