Фестивали

Факти и бројки за “Пивофест 2019”

Фестивалот се одржуваше на 5 локации (сцени) со речиси 24 часовна програма. Прилеп беше домаќин на 171 артист. Дополнително беа ангажирани за техника – 50 луѓе, за маркетинг – 20 луѓе, видео и аудио продукција – 15 луѓе, хостеси и волонтери – 25 луѓе, обезбедување – 300 луѓе, организација – 15 луѓе.

Во градот влегле околу 12.000 возила, а за нивното непречено паркирање и движење се погрижија 70 паркинг редари. За здравјето на посетителите се грижеа 15 медицински лица на четири пункта на Брза помош. За среќа, за 4 фестивалски денови, лекарите немаа поголеми ангажмани.

За безбедноста на посетителите се погрижија и полициските професионалци од Прилеп и според статистиката ова е најмирниот “Пивофест” од 2015 година наваму.

Противпожарната единица на Прилеп ги стави своите максимални капацитети во функција на фестивалот и а среќа ниту тие имаа потреба од интервенции. Комунална хигиена овозможи прилепчани и посетителите секое утро да се будат во чист и среден град. Во функција беа ставени 72 тоалети и 2 за лица со посебни потреби.

Можеби ќе ве интересира: