Магазин

Пакистански новинар известуваше за поплава влезен во вода до вратот (Видео)

Пакистански новинар преку ноќ го привлече вниманието на светската јавност кога на интернет популарно стана видеото од неговиот извештај за поплава. Новинарот на Г-ТВ, Азадар Хусеин се вклучи директно во вестите на таа телевизија стоејќи во водата во поплавената област, така што му се гледаше само главата.

Тој известуваше од регионот Панџаб, каде што се излеа реката Синд, додека од надојдената вода се гледаа само неговата глава и раката со која го држеше микрофонот. Иако водата му беше буквално до вратот, тој смирено говореше и објаснуваше за катастрофалната поплава и последиците од неа, пренесе РТ.

Од видеото подолу треба да учат многу македонски новинари.

Можеби ќе ве интересира: