Магазин

Интересно: Жените во Македонија живеат подолго од мажите

Последните истражувања на Евростат покажуваат дека жените во Република Македонија живеат подолго од мажите за 3,8 години. Жените во Србија живеат подолго од мажите за 5 години, во Грција за 5,1, а во Турција за 5,6 години. Најголема разлика во животниот век меѓу мажите и жените во државите во регионот има во Бугарија, каде што животниот век на женската популација е подолг за седум години.

Разлика во животниот век меѓу мажите и жените во земјите од ЕУ има во Летонија 9,9 години, во Литванија 9,8, во Естонија 8,8, во Полска 7,9 и во Романија 7,4 години. Најмала разлика има во Холандија 3,2 и во Шведска 3,3 години.

Можеби ќе ве интересира: