Магазин

Брашно добиено од воздух – Солеин (Видео)

Финската компанија “Solar Food” (“Соларна храна”) планира на пазарот да лансира нов вид протеинско брашно наречено Солеин.

Солеин брашното е добиено од јаглерод диоксид, вода и електрична енергија добиена од сончеви панели. Станува збор за високо протеинска материја што личи како брашно и содржи 50 проценти белковини, 5-10 проценти масти и 20-25 проценти јаглеродни хидрати. Има изглед и вкус како пченичното брашно, а по промоцијата во 2021-та година би можело да стане една од главните прехрамбени производи.

Според компанијата “Solar Food”, ваквото производство не зависи од земјоделското и на него нема влијание земјиштето, климатските услови или количеството на врнежи. Компанијата соработува со Европската вселенска агенција (ЕСА) на развој на храна што би се произведувала надвор од нашата планета, а самата идеја за Солеин доаѓа од НАСА. Освен што е храна за прехрана на голем број луѓе, Солеин е совршена за вселенските патувања.

Можеби ќе ве интересира: