Шпанското крајбрежје е едно од најпосетените места за летен одмор, особено бидејќи нуди голем избор и не ве ограничува финансиски. Постојат локации кои се соодветни за семеен одмор, како и оние кои сакаат да се забавуваат до раните утрински часови.
Во продолжение, Музика24 Ви нуди неколку предлог дестинации кои ако не годинава, тогаш следната мора да ги посетите во Шпанија, земја која што потсетува на лето и одмор.
Палма де Мајорка
На јужниот брег на најголемиот шпански остров Мајорка, се наоѓа главниот и најголем град на Балеари (автономна заедница на Шпанија) Палма т.н. Палма де Мајорка. Локација која нуди уникатно летно доживување. Она што го прави целиот остров посебен е можноста за забава, но и за одмор, места за прошетки и изобилство на природа.

Ибица
Позната по забавите до раните утрински часови и светските музички имиња кои настапуваат таму, Ибица е совршена локација доколку сакате да патувате со друштво и да си поминете незаборавно. Ибица нуди и мирни песочни плажи, како и можност за воден спорт и рекреација.

Лорет де Мар
Сите оние кои имаат ограничен буџет, а голема желба за лето исполнето со одмор и релаксација на плажа, овошни коктели и време со семејството – Лорет де Мар е идеална дестинација. Нуди можност и за младите кои во вечерните часови сакаат нешто повеќе од обична прошетка на крајбрежјето. Со пристојни цени и можност да си поминете прекрасно, ова место дефинитивно вреди да се посети.

