На традиционалното натпреварување меѓу земјоделците за производство на лубеници во Вилануева де ла Серена во Шпанија што се поклопува со одбележувањето на Свети Апостол Бартоломеј, на 24-ти август, национален рекорд постави 100 килограми лубеница, објавија шпанските медиуми. Човекот што ја одгледа е Антонио Гонзалез Касиласас.
Во исто време во Бугарија, во селото Петревени деновиве стотици луѓе се собираат за традиционалните денови на лубеница. И тие се домаќини на натпреварот “Голема лубеница”, каде со големи пофалби, награди, благодарници и забавна програма се одржува овој настан.
