Дали се сеќавате на тинејџерската група “Магија”, која кон крајот на деведесетите жареше и палеше на музички план низ Македонија? Веројатно ДА или НЕ, бидејќи повеќето од вас во тоа време беа помали и се занимаваа со нешто сосема друго. Еден од нив, од магионичарите, денес промовира музички спот, а воедно и песна на Музика24. Станува збор за Дони Марџиев кој долго време студираше во соседна Бугарија, од каде ни се враќа и започнува соло кариера.
Песната “Нашиот ден” е дело на бугарскиот композитор Велентин Пензов, кој што нашиот Дони имаше можност да го запознае претставувајќи ја Македонија на Балканскиот младински фестивал во Сандански, соседна Бугарија. Зад текстот стои Тони Цифровски, а песната се снимаше во студиото на Дамјан Лазаров, исто така поранешен член на групата “Магија”.
За да изгледа видеото онака како што изгледа, интересно, едноставно, но… сепак уметнички и убаво, се погрижи режисерот Јован Ристовски од Битола, а за снимањето беше задожена битолска продукција Дрим Каст. Вчера вечер беше и официјалната промоција во скопското кафуле Lounge Bar Every Day, а денес е промоцијата на музичкиот портал Музика24.
Уживајте во видеото!
Подготви: Марија Поповска
