Под мотото “Заедно да градиме здрави навики” на скопскиот плоштад “Македонија” на 6-ти и 7-ми септември од 10 до 18 часот ќе се одржува овогодинешниот Фестивал на органска храна.
Според организаторот, листата на органски изложувачи се проширува. Оваа година на 9-то издание на фестивалот ќе има изложувачи на органски мед, органска козметика, органски млечни производи, зеленчук и овошје, кафе, зачини, житарки… Целта на фестивалот е да го промовира користењето на органските производи како важен сегмент во секојдневната исхрана.
