Како што не известуваат нашите пријатели и соработници од Дирекцијата за култура и уметност, овогодинешното издание на “Blues & Soul Festival” ќе започне на 12-ти септември и истото ќе заврши еден ден потоа, односно, на 13-ти септември. Оваа година фестивалското издание ќе се оддржи во култната “Станица 26”.
Во продолжение, погледнете што ќе се случува и кој се ќе настапи на “Blues & Soul Festival 2019”:
12 септември, почеток 21:00 часот
- “Zippy Nappers” (GRC)
- “Leon Hendrix & Fulvio Feliciano Band IN NAME OF JIMI” (ITA/USA)
13 септември, почеток 21:00 часот
- “Török Fehér Duó ” (HUN)
- “The Mole Pack” (MKD)
Билетите се веќе во продажба онлајн на https://www.karti.com.mk/ и билетарата на Станица 26 пред концерт. Фестивалот е поддржан од Град Скопје, Министерство за култура и Унгарската Aмбасада во Скопје. Музичкиот портал Музика24 е еден од медиумските покровители кои го поддржуваат “Blues & Soul Festival”.
