Општината Чешиново-Облешево на 20-ти септември со прослава во паркот во Облешево ќе го одбележи празникот “Мала Богородица”. Овој празник исто така се празнува и како ден на општината. Манифестацијата е со почеток од 19:30 часот во паркот во Облешево, а ќе настапат фолк пејачка Даниела Темелковска и познатиот српски фолк пејач Драган Којиќ-Кеба.
Реакциите на жителите на Чешиново-Облешево и пошироката јавност по објавувањето на настапот на Којиќ се поделени.
