Во вчерашното издание на утринската контактна емисија “Македонија денес”, која се емитува во живо на националната и сателитска Телевизија 24 и чии водител е шармантната и секогаш насмеана и позитивна Слободанка Илиевска, гостин беше познатиот македонски фолк пејач Мишко Крстевски. Тој во опуштена и весела адмосфера, со тазе подготвено утринско кафе разговараше за кариерата и се она што досега го има доживеано на македонската музичка сцена, и секако, се она што го планира и би требало да го реализира во текот на идниот период.
За време на емисијата, Мишко заедно со звуците на својата гитара го крена расположението во студиото, а веруваме и на гледачите пред малите екрани. Отпеа неколку познати хитови на кои само се потсетивме дека сеуште постојат и дека истите и ден денес се пејат. Интересно е тоа што во текот на разговорот, фолк пејачот откри еден интересен податок за кои веруваме многумина од Вас и не го знаеле.

“Јас сум кумот на името на групата “Нели ти реков”. Јас бев член во групата “Нели ти реков” и ние затоа што одевме на серенади, а пеевме секогаш: Нели ти реков моме Донке, и таа песна ни беше како химна по серенадите, бидејќи е двоглас, убаво се пее, дурска песна… И кога требаше да се појавиме на Фолк Фест “Валандово” во 1992 година, претходно се викавме “Калипсо”, групата беше формирана од “Бош” од Неготино и “Токму така” од Кавадарци направивме една фузија, спој. И тогаш за да се појавиме на фолк фестивалот името калипсо немаше никаква поврзаност со народната македонска музика, и тогаш сите заедно одлучивме да се викаме “Нели ти реков”, кога може “Леб и сол” да биде, зошто не и “Нели ти реков”, изјави фолк пејачот Мишко Крстевски.
Меѓудругото тој потоа додаде дека во подготовка е неговата најнова песна со која што треба да настапи на фестивалот “Роса”, а што се однесува до голем концерт во Скопје во блиска иднина не подготвува, и како што и самиот тој кажа: “Сакам да ми дојде да сакам да направам концерт”.
Во продолжение, погледнете го целосното интервју со фолк пејачот Мишко Крстевски.
