Музика на кирилица

Тодор Стефанов со најава за нова песна и видео спот

Тодор Стефанов кој многу добро публиката го познава од М2, деновиве сними нова песна и видео запис за истата. Промоцијата за сите медиуми е закажана наскоро, но ние не би биле Музика24, доколку ексклузивно не ви откриеме некои детали.

“Ана” е насловот на новата песна. Текстот го напиша Елена Ристеска, музиката е на Тодор, а заедно со Дарко Димитров го направиле аранжманот. Песната е снимена во студиото на Дарко Димитров. Видео записот е дело на Даниел Јовески. Истиот бил снимен три-четири дена на неколку локации во Охрид. Спотот крие некаква приказна во кој статисти се Тодор и преубавата Ивана Целесовска која ја има улогата на Ана.

Тодор ни откри дека кога ја компонирал мелодијата немало никаква поврзаност, но на снимањето на видеото се пронашол во приказната и е токму ко за него. За што станува збор ќе откриеме кога ќе го прегледаме видеото, по промоцијата.

Подготви: Сања Неткова

Можеби ќе ве интересира: