По дебакалот на “Империја” која беше повлечена, МРТ вчера вечер ја престави новата песна со која Македонија ќе се престави во Шведска на овогодинешната Евровизија. Текстот е на Магдалена Цветковска Ена, а музиката ја напиша нејзиниот брат Лазар Цветковски, заедно со Дарко Димитров, во чие студио се снимаше нумерата.
И овојпат автор на делот што ќе го пее Есма е нејзиниот син Симеон Атанасов. Есма пее на ромски јазик. Во продолжение… Есма & Влатко Лозаноски – “Пред да се раздени”.
Подготви: Редакција Музика24
