“Многу пати ми се има случено луѓето, откако ќе ме запознаат да речат-те замислувавме дека си сосема поинаков. Поминаа повеќе од 20 години од кога почнав и можеби е сега вистински момент да откријам малку повеќе за тоа каков сум всушност”, Со овие зборови најславниот и најсакан италијански пејач ја објаснува дел од своите доживувања, во книгата” Се колнам”, што ја напиша Лука Бјанкини пред повеќе од 15 години . Писателот неколку месеци живеел со Ерос за време на снимањето на албумот “Calma apparente” следејќи го од сенка, на патот кој почнал во Лос Анџелес и продолжил во Милано и во Лондон. Така се создала книгата во која најславниот италијански пејач овде се појавува како херој кој успеа во тешките времиња да пронајде храброст и да реагира со скромност и иронија, сепак никогаш не спуштајќи ја главата.
“Кога ќе помислам каков можеше да биде мојот живот, сепак навистина сум среќен. Бев никој, сфаќаш? Никој и ништо, а сега можеби, сепак нешто постигнав”, вели Ерос. Писателот длабоко му се заблагодарува на Ерос што не му цензурира ниедно прашање и што го оставил на каучот додека ја пеел “L equilibrista”.
“Се викам Ерос. Ерос Рамацоти. Мојата мајка морала да се избори со свештеникот поради тоа и е затоа што тој не сакал да ме крсти, велејќи дека тоа име е непристојно, и не со согласува со моралот, но на крај мама го истера своето, како што гледаш”, му кажува Ерос на писателот, при нивната средба, во Лос Анџелес.
“Ти замислуваш дека мојот живот е ваков? Големи хотели, важни луѓе и вечери во јапонски ресторани.
-А, секогаш не е така?
-Не е?
-Штета.
-Ма како штета, за среќа. Мојот живот во Милано е многу помирен, и многу понормален од оној што луѓето го замислуваат. Потоа знаеш, од кога ја добив ќерка Аурора, морам дури да се вклопувам во разни распореди.
-Но Аурора не живее со тебе, зарем не?
-Само повремено. Меѓутоа раѓањето на детето сепак ти дава одговорност, и покрај тоа што тоа не е секогаш со тебе, коментира Ерос. За турнејата во 1994 година со Џованоти и со Пино Даниеле открива дека Џованоти е старомоден човек какви што ретко денес има такви. Тој на девојката што ја сака и вели Те сакам и не гледа по други. А Пино бил сосема поинаков. Пино му се налутил што Ерос излегуваа последен да ја затвори вечерта како најголема ѕвезда од сите тројца, што дури на последниот концерт не се ни ракувал со него, а потоа давал лоши изјави по весници.
-Јас сум геј, се дрогирам и ебам кого ќе стигнам. Ете, за таков ме претставуваат медиумите. Пред да живеам во Милано 15 години живеев во Комо и кога се преселив во Милано секакви муабети кружеа за мене. Милано е едно големо село. Ако се дружам со Армани веднаш почнуваат муабети дека сум во врска со Армани. Така зборуваат за мене бидејќи имам пријатели геј, се потсетува Ерос. На прашањето дали следи политика, одговара:
-Само во весници. Но денес политиката стана полоша. Пред дваесет години барем постоеја некакави идеали, денес дури го нема ни тоа. Фудбалот отсекогаш му бил еден од приоритете во неговиот живот. Било да играл, гледал или навивал. Зборува и за својот ритуал во Рим- се вози со автомобил по улиците, тоа го обожава. За парите ќе открие:
-Никогаш не ја запознав вредноста на парите. Во мојата куќа малку влегуваа, а мојот татко добро внимаваше да не ни даде премногу. Потоа за неколку месеци стигна милијарди, се одеднаш. И потоа уште повеќе милијарди. Да му дадеш некому толку пари кој не знае да управува со нив е многу опасна работа. Ерос имал анегдоти и со благородници. Се сеќава дека Стефани од Монако ја ословувал со “принцезо” со смешен нагласок, а за шведската кралица навистина ја прекршил церемонијата, оставајќи ја да ги чека.
-Беше тоа во 1993 година, дојде да ме поздрави после еден концерт, додека водев љубов под туш со една навистина скроз луда девојка. Ми чука Лоло, кој секогаш ме испратува до гардероба, за да ме потсети дека ме чека кралицата. Се обидов се да завршам што е можно побрзо и отидов да го искажам своето почитување, со закаснување. Каква сцена! слободно раскажува Ерос.

Во книгата “Се колнам” за негови предности се наведуваат дека е непредвидлив благороден, благ, а мани му се што е тежок, недоверлив, импулсивен. Верувам со нетрпение го очекувате главниот дел. Да, приказната оди вака, Тина Тарнер го видела Ерос прв пат на телевизија за време на доделување на MTV наградите во Берлин, додека ја пеел “Cose della vita”, носел една посебна капа и таа заедно со својата пријателка биле одушевени од Италијанскиот и неговата песна. Тој е толку сладок рекла, а по неколку месеци подоцна нејзин пријател и приредил изненадување. Го поканил Ерос на нејзината роденденска журка на Азурен брег. Кога го видела дека доаѓа не го познала од прва, затоа што бил бојодисан платинесто рус и рекла “многу луд човек”. Потоа ја поминале цела вечер во смеење, а таа не пропуштила прилика да му каже колку е убава песната. Немала поим дека за неколку месеци подоцна ќе му текне да ја трансформира за два гласа. Од тогаш биле постојано во контакт, неколку пати на сцена и зад сцена.
-Пред неверојатниот концерт во Монако и Баравија пеев со него, но во Милано иако тоа не беше во програмата. Го прашав како ќе се облечеш? ми рече: -Многу елегантно и тоа само за тебе. Па така, отрчав да земам нешто одговарувачко од Армани и кога отидов на сцена тој беше кежуал повеќе од секогаш, а јас многу елегантно дури и одвратно. Уште се уште се сеќавам како збунето ме гледаа девојките во првите редови, затоа што тој ја држеше раката на една госпоѓа во години, каква што бев јас, се сеќава Тина. За неа велат кон него била мајчински расположена. Кога му починала мајката и кога раскинал со својата девојка Мишел, Тина го терала Ерос да не се затвора во себе.
Во книгата писателот открива и соработки и моменти и со Анастасија, Лаура Паусини, Долче и Габани и многу други славни личности. Триесет години е на врвот, по победата на еден дамнешен Сам ремо. За наша среќа, оваа планетарна музичка ѕвезда Ерос Рамацоти за прв пат утре 30-ти септември ќе одржи концерт и во Скопје, во А1 арената Борис Трајковски. Билети се уште има, од околу 2.000 денари, нагоре. Најавениот спектакл, ќе почне до 20 часот. Концерт кој се чекаше долго долго, кој вреди да се види и доживее, зошто можеби тоа е единствената или барем ретка шанса!
Текстот го подготви: Валентина Георгиевска-Парго
