“Таксират” фестивал го најавува човекот кој ги живее своите песни. Музичар кој не го пишува својот живот, туку го пее. Ману не спие. Ману сонува. На 24-ти октомври во Младински Културен Центар ќе настапи El Chapulín solo (Manu Chao acoustic), составени од: Ману Чао – глас и гитара, Лучано Фалико – гитара и Мауро Манчебо – бонго.
Ова музичко трио во интимна атмосфера и акустична варијанта сака да ги сподели нивните нови и постари песни: “Seeds of Freedom”, “La Vida Tombola”, “Sibérie”, “Mala Vida”… итн.
Концертите во Софија, Бања Лука и Ниш се веќе распродадени. Настапот во Скопје е со ограничен број од 800 луѓе, а билетите веќе се пуштени во продажба.
