Балканската мега ѕвезда Лепа Брена и Џенан Лончаревиќ, ќе настапат на прославата по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово.
Лепа Брена ќе настапи на 10 ноември, а Лончаревиќ ден претходно на 9 ноември. Програма ќе има и на 8 ноември, но се уште се преговара за изведувачите. Програмата ќе се одржува на Градскиот плоштад во Куманово.
Предгрупи на ќе бидат “Next Time“ и српскиот дувачки оркестар на Бојан Ристиќ.
Општина Куманово и оваа година организира богата културно-уметничка програма за одбележување на годишнината од ослободувањето на градот, како и големиот јубилеј 500 години Куманово.
