Во прв ред

Вечерва во Дом на АРМ – предновогодишен концерт на три воени оркестри

Во Домот на Армијата во Скопје вечер ќе се одржи трилатерален предновогодишен концерт, на кој како заеднички оркестар ќе настапат припадници од воените оркестри од армиите на Македонија, Албанија и Хрватска. На концертот, кој оваа година се одржува под мотото “Звукот на соработката, звукот на Алијансата”, како што информираат од Генералштабот на Армијата, ќе бидат изведени нумери од познати светски автори, меѓу кои и Мередит Вилсон, Дјук Елингтон, Наохиро Иваи и Дмитри Шостакович.

Концертот ќе биде директно пренесуван на првиот програмски сервис на Македонската национална телевизија МТВ1 со почеток во 20:00 часот.

“Ова е втора година по ред како во пресрет на новата година воениот оркестар на Армијата на Република Македонија во духот на соработката со оркестри од армиите во регионот одржуваат заеднички едночасовен концерт. Минатата година заедничкиот настап беше со воените оркестри на Република Бугарија и Црна Гора”, соопштуваат од Генералштабот.

Можеби ќе ве интересира: